Движечка сила која не водеше кон реализацијата на проектот МЕГА СОЛАР беше идејата да се создаде енергетски извор заснован на современа технологија, кој ги намалува емисиите на стакленички гасови и овозможува пристоен приход во наредниот период.

МЕГА СОЛАР, како компанија чија што единствена цел е изградба и оперирање со фотоволтаична централа, е основана во почетокот на октомври 2009 година. Физибилити студијата и основниот проект изработен од страна на инг.Сашо Генчев, укажа дека една од најповолните локации за изградба на централата на територијата на Република Македонија е во близина на селото Гермијан, на подрачјето на Општина Новаци во Југозападниот дел на Република Македонија. Благодарејќи на ефикасноста на градоначалникот Г-дин Лазар Котевски и администрацијата на Општина Новаци, на 12 март 2010 на МЕГА СОЛАР и беше издадено одобрение за градење на централата.

Во април 2010 година започнаа првите контакти со канцеларијата на Sustainable Energy GEF Project на Светска Банка во Македонија, каде што наидовме на разбирање и подршка за нашиот проект. Г-дин Питер Јохансон како тим лидер на Проектот искажа начелна согласност за заедничко финансирање на изградбата на централата со Охридска банка АД и МБПР, со примена на project financing моделот. Ја користиме оваа прилика да им изразиме посебна благодарност Здравко Стефановски и Трајче Андреевски од Sustainable Energy GEF Project на Светска Банка во Македонија, Антоније Мариноски и Катерина Јанковиќ од Охридска банка АД, како и Драган Мартиновски и Александар Станојковски од МБПР.

Со ефектуирањето на кредитната линија, на 3 март 2011 година започна изградбата на централата за што беше склучен Договор „клуч на рака“ со Телелинк Македонија. Во текот на изградбата беше ангажирано локалното население, што придонесе за целосно прифаќање на проектот од страна на локалната заедница. Конечно, по 77 дена интензивна работа централата беше приклучена на дистрибутивната мрежа и првите киловати електрична енергија беа испорачани во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Фотоволтаичната централа и изградена на површина од 20700 m2. Земјиштето е во сопственост на МЕГА СОЛАР. Инсталираниот капацитет на централата е 996,7 kW. Во неа се вградени 4440 поликристални панели Canadian Solar модел CS6P и тоа 3980 со снага од 225 W и 460 со снага од 220 W, приклучени на 10 инвертори производедени од Samil Power модел SO 100 KA1 со снага од 100 kW. Панелите се поставени на 888 метални рамки произведени во Република Македонија, кои што имаат систем на едноосовинско прилагодување (single axis adjustment) на летен, зимски и пролетно-есенски агол. Трансформаторските единици се производство на Shneider Electric. Квалитетот на вградената опрема обезбедува производство од 1650 MWh годишно. За проклучување на централата на електродистрибутивната мрежа изграден е кабелски приклучок во должина од 4,7 километри, каде што голема и несебична стручна помош ни укажа АД ЕВН како оператор на дистрибутивната мрежа.

По добивањето на правото на користење на повластената тарифа МЕГА СОЛАР склучи договор со МЕПСО АД Скопје како оператор на пазарот на електрична енергија за откуп на целокупната произведена електрична енергија.

Од 2016 година МЕГА СОЛАР е дел од групацијата PV-INVEST од Австрија.