Создаваме зелена енергија

Фотоволтаична централа

Движечка сила која не водеше кон реализацијата на проектот МЕГА СОЛАР беше идејата да се создаде енергетски извор заснован на современа технологија, кој ги намалува емисиите на стакленички гасови и овозможува пристоен приход во наредниот период. МЕГА СОЛАР, како компанија чија што единствена цел е изградба и оперирање со фотоволтаична централа, е основана во почетокот на октомври 2009 година.

Вградена висока технологија

Инсталираниот капацитет на централата е 996,7 kW. Во неа се вградени 4440 поликристални панели Canadian Solar модел CS6P и тоа 3980 со снага од 225 W и 460 со снага од 220 W, приклучени на 10 инвертори производедени од Samil Power модел SO 100 KA1 со снага од 100 kW. Панелите се поставени на 888 метални рамки произведени во Република Македонија, кои што имаат систем на едноосовинско прилагодување (single axis adjustment) на летен, зимски и пролетно-есенски агол...

Соодветна законска регулатива

Стопанската дејност на производство на електична енергија е регулирана со соодветни законски норми и процедури, кои МЕГА СОЛАР во целост ги исолнува.

Статус на повластен производител

МЕГА СОЛАР склучи договор со МЕПСО АД Скопје како оператор на пазарот на електрична енергија за откуп на целокупната произведена електрична енергија.